Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека сите случувања околу случајот со генералниот секретар Драги Рашковски, се знаеле однапред, исто како и тоа дека ќе заврши во куќен притвор, а не во притвор. Наредниот период, рече тој, може да има проширување на предметот со уште две обвиненија.

Македонија е практично мала земја и сè се знае. Неколку дена однапред се најавуваше дека ова ќе се случи. Тоа уште започна со сценариото со неговата oставка од кабинетот на Заев, како негов соработник или советник, што и да е таму. Па, се шпекулираше дека ќе заврши само со одземена патна исправа, па како поминуваат деновите велеа дека ќе добие куќен притвоr. Еве доби куќен притвор, јас го најавив. Може и да ви кажам и чекор понатаму што ќе се случи. Еве можда ќе се прошири со дополнителни две обвиненија неговата пријава, па можеби ќе биде променета оваа мерка притвор, наместо куќен да биде ефективен, вели Мицкоски за случајот со Драги Рашковски.

Мицкоски додаде дека само што разбрал дека и Обвинителството се жали на одлуката на судот пораншениот генерален секретар да добие домашен притвот.

Утрово објавив еден статус на „Фејсбук“, каде што кажав дека практично пријателите и соработниците на Заев на распит се носат со рацете во џеб, а додека, пак, сите оние кои што Заев ги смета за свои непријатели и противници им се ставаат лици на рацете. Тука правда нема. Додека пријателите на Заев за постоење сомневање за криминал завршуваат во куќен притвор, а неговите непријатели веднаш завршуваат во затвор, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.