Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави отворено писмо до власта за будење на свеста и подадена рака, заедничкиот непријател кој мора да го победиме е пандемијата која одзема животи.

Тој се осврна и на фотографијата од министерот за здравство Венко Филипче со тимот доктори, коментирајќи дека докторите не носат заштитни ракавици, што според него покажува дека медицинскиот персонал во земјата е незаштитен во оваа голема битка со вирусот со кој се соочува цел свт.

„Сликата на министерот со медицински голорак и незаштитен здравствен тим е сликата за македонското здравство и начинот на кој се работи во Македонија. Докторите се пуштени да се справуваат со пандемија незаштитени, небезбедни, под ризик за својот живот ама пр-от на министерот е важен, а стикерите на Филипче во стилот на супермен поважни. Филипче е далеку од супермен, можеби бизнисмен, ама повеќе е портпарол во време кога треба да биде само министер. Одбивам да ја сведувам дебатата на ова ниво и затоа ќе порачам баталете го пр-от, ова не е мегдан за тоа ќе има време кога ќе се мериме и во тоа поле, но сега мораме да покажеме поголема одговорност од се што било досега. Затоа неопходно е како општество да се мобилизираме, да се преземат итни и драстични мерки што побрзо и без одлагање. Се губи контролата над состојбите затоа што секојдневно се отвораат нови жаришта на вирусот. Болниците кои се на располагање се недоволни, а капацитети слаби. При тоа тука не страдаат само болните од корона, туку и оние болни од други болести кои нема да добијат навремена помош заради презафатеноста со справувањето со актуелната пандемија. Неретки се случаите да не добиете помош поради тоа што системот е блокиран. Оттука мора заеднички и силно да се фокусираме кон драстични мерки. Секој ден поминат без нив, ќе значи повеќе животи кои ќе се загубат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.