Ова е денот кога времето почнува да се смета и ќе биде време после Зоран Заев, порача на денешната прес-конференција по распуштањето на Собранието претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во периодот којшто е позади нас во овие 25, нецели 26 месеци откако сум претседател на ВМРО-ДМНЕ често пати имавме предизвици кои што беа исправени пред нас. Дел од јавноста велеше дека сме биле премногу меки, требало да биде вака, требало да биде така, но ние чекоревме, размислувавме и подготвувавме стратегија за овој ден. Овој ден дојде. Ова е денот кога времето почнува да се смета и ќе биде време после Зоран Заев, рече Мицкоски.

Додаде дека дојде денот кога народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе има можност да се избори за една голема историска победа на 12 април и да ги порази сите овие неправди кои што се случуваа изминатите три години.

Обелоденивме многу криминали во минатото. Обелоденивме и многу индиции за сторен криминал. Презентиравме и докази. Следете нè периодов којшто е пред нас, ќе биде исклучително интересен, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.