Македонија и Скопје ја сакаат слободата. Скопје на пиедестал секогаш ја ставало борба за слобода, верувањето во принципи и надежта за иднината во која веруваме, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември.

Луѓето кои за тоа се бореа пред 77 години се нашите херои денес, тие ја донесоа победата над фашистичкиот окупатор и нивна е славата, а заедничка е слободата.
Таа слобода ја браниме и денес, и таквата љубов кон Скопје ја имаме и денес. Нашите современи битки ќе бидат нашите заеднички победи, нашето раздолжување кон градот на солидарноста, слободата и хуманоста.
Скопје го чекаат подобри времиња, а новата иднина е нашиот сон за времето кое доаѓа. Со таа верба и непоколебливла надеж, среќен и вечен денот на ослободувањето – 13 Ноември, граду мој!, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.