Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“ овие претседателски избори ги спореди со претседателските избори во 1999 и во 2004 година затоа што во 1994 и во и 2004 година претседателските избори беа со парламентарните, во 2009 година беа заедно со локалните избори.

-Ние денеска на овие претседателски избори имаме 42.5 % освоени гласови од тие коишто излегле. Во 2016 година на предвремените парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имало околу 38% од излезените. Во 2017 година на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата има 36%, значи 6,5% имаме повеќе гласови сега од вкупниот број на излезени, истакна претседателот на партијата Мицкоски.

Тој рече дека не треба да се заборави и тоа што неколку партии ја напуштија коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и денеска се коалициони партнери на Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.