Потребни се промени во Карпош за да направиме најмодерна и најурбана општина во државата, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека СДСМ тука ја има и локалната и централната власт, но скоро ништо и да не испорача.

Големи ветувања имаше пред четири години Стефан Богоев кој што е сега градоначалник, но од тоа не реализира ништо.
Народна банка излезе веќе со ревидирана проекција дека инфлацијата е 2.5%, а веќе во овој момент во петтиот месец од годината е три проценти, со голема можност да оди и многу нагоре некаде над 5 проценти, што значи едно сериозно поскапување на животот на граѓаните, потенцираше Мицкоски.

Прашањето кое што се поставува, додава тој, и на кое што не добиваме одговор е зошто во Македонија не доаѓаат проекти, зошто за Македонија нема грантови и нема големи инфраструктурни проекти како што е изградба на брзата железница и на автопатски решенија низ Македонија.

Нема бандит и криминалец, прво локално, а сега во европски и во светски рамки кој што на било кој начин не е поврзан со Зоран Заев. И мислам дека во следниот временски период ќе излегуваат многу повеќе а после промената на власт мислам дека ќе е шокирана македонската јавност кога ќе гледа со кого се, се среќавал и што се договарал, потсети Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.