Македонија е името кое го менуваат оние кои се внатре во Собранието. Тие кои одат спротивно од волјата на надорот, јасно изразена на 30 септември. Но, не знаат дека име со дугме не се брише. Тоа е она што сме, што сме биле и ќе продолжиме да бидеме. Секој што тргнал против народот свој, народ ќе му се случи. Многумина од вас се лути, понижени, измамени. Се чуствува внатрешната болка од она што го прават со името и идентитетот. Срцето се кине кога се витка кичмата на татковината, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред Собранието.

Тој повика на масовно обединување, зошто само обединети ќе стигнат до заедничката цел, која, како што рече, се вика Македонија.

Тие се сакаат ова да биде крајот, но ова нека биде почетокот на нивното заминување. Достоинството никогаш не може да биде земено од луѓето кои го немаат. Меѓу нас има луѓе со различни ставови, погледи, несогласувања. Но сето ова мора да биде на страна, оти сите ние имаме иста цел и таа се вика Македонија. Треба масовно обединување. Само обединети ќе победиме. Десни, леви и од центарот, прасловни христијани, католици, атеисти сакаат да не разединат за полесно да им поминуваат поразите и неуспесите. Нашата прва цел е иднината кон Македонија. Ќе остане запишано дека оваа неправда денес ја прават оние кои ветуваа живот, брда и долини, оние кои ветуваа се и сешто, само за да дојдат на власт. Измамнички, шверцерски, криминално. На власт се доаѓа со труд и работа. Но не и Заев и СДСМ. Билетот за останување на власт им е промената на името и идентитетот. Тој билет не е за народот, туку за власта, додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.