Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција откри што разговарале со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети на нивната средба.

Со Ахмети имавме едночасовна средба и ме информираше дека ќе почне преговори со СДСМ, затоа што таа партија победила кај Македонците. Ахмети е човек кој има соодветно искуство и му посакав среќа во преговорите. Ние ќе направиме коалиција врз основа на програма и не треба да ги оптоваруваме граѓаните со нашите фрустрации. Се водат разговори, бидете трпеливи“, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.