Остварив средба во Загреб со премиерот на Република Хрватска и претседател на сестринската партија ХДЗ Андреј Пленковиќ – напиша на својот Фејсбук профил, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Република Хрватска е земја членка на ЕУ и НАТО, а средбата беше добра прилика да се разменат искуства и да се интензивира меѓусебна соработка. Го запознав со состојбите во Република Македонија при што ја пренесов мојата загриженост поради растечката корупција, криминал и заробена држава, трговијата со правото и правната држава, назадувањето на евро интеграции, како и отворениот сомнеж за можен фалсификат на престојните избори.
Ја нотиравме добрата соработка меѓу двете сестрински партии и подготвеноста дополнително истата да се продлабочува во периодот што следи – напиша Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.