Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со неприфаќањето на предложената Резолуција во Собранието од страна на албанските партии, истакна дека Зоран Заев и коалицијата од Владата ниту еднаш не застанале во одбрана на националните интереси.

Мицкоски, кој беше во посета на Битола, порача дека се надева оти претставниците на власта ќе изнајдат храброст да застанат зад македонските интереси и да ја подржат Резолуцијата во Собранието.

Жалам што одлучија да бидат пиуни на Зоран Заев и СДСМ и практично Зоран Заев и СДСМ директно да им го соопштат на граѓаните, одлучија преку коалиционите партии тоа да го сторат, жалам што еднаш не најдоа за храброст да застанат во одбрана на македонските национални интереси – истакна Мицкоски.

Тој вели дека за нашите соседи не постои попосакуван од Зоран Заев, затоа што тоа што е во интерес на македонскиот народ за него е на дното од скалата на приоритети, а секогаш прв приоритет претставуваат интересите на нашите соседи.

Се надевам дека во четврток Резолуцијата ќе биде дел од собраниската дебата и таква каква што е без никакви измени ќе изнајде храброст еднашка СДСМ и Зоран Заев во името на единството на македонскиот народ да ја подржат таа Резолуција – порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.