Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку видео-врска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на 15 јули и предизвиците поврзани со вирусот Ковид-19.

Мицкоски истакнал дека за ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните е пред се и токму затоа предизборните активности ги организира во согласност со протоколите и препораките за заштита и превенција од коронавиусот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека партијата се залага за фер и изборна кампања што не е случај со СДСМ која го наруши изборниот процес со предвреме почната кампања преку предизборен поткуп делејќи пакети во Струмица и повеќе општини низ Македонија.

Тој додаде дека СДСМ во страв и нервоза од изборен пораз преминува кон насилство што се покажа со бомбата фрлена пред дуќанот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и вербалниот напад од советникот на премиерот врз носителот во шестата Изборната единица, Игор Дурловски.

Мицкоски потенцираше дека почитувајќи ги мерките во текот на целата кампања ќе биде меѓу народот промовирајќи ја изборната програма наречена „Проект Обнова“ во која има над 1000 проекти наменети за да го подобрат животот на сите граѓани и да се обнови државата од тешката ситуација во која сега се наоѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.