Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција изјави дека денес стана јасно дека СДСМ е во слободен пад, и вели дека им следува тежок пораз. На граѓаните им е преку глава од самоволите на деспотот Заев, истакна тој.

Вели дека институциите се разнишани и Заев презема очајнички потези со кои сака да ја деморализира најголемата опозициска партија.

Се апси врз основа на рекла казала, без докази, а ова е само нова тура на политички прогон рече Мицкоски откако попладнево беа уапсени двајца поранешните министтри на ВМРО, Јанакиески и Ристовски како и екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.

На Заев му порача дека часовникот му отчукува и додаде дека целта му е да ги исплаши граѓаните.

Сакаат да се зборува за притвор, за апсења, за изживување, за да не се зборува за здравството на Филипче кое убива, за Тевдовски, Спасовски, вели Мицкоски.

Обвини дека целта му е на Заев да се откаже ВМРО-ДПМНЕ од претседателските избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.