Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека власта на Зоран Заев е подготвена да го крши и да не го спроведе Изборниот законик само за да може да спроведе изборен фалсификат.

Како што истакнува Мицкоски, тоа се покажува што власта не набавува апарати за отчитување на отисок од прст.

Изборниот законик кој лани пред изборите, во Февруари 2020 година беше донесен акламативно од страна на партиите во Собранието е дециден и тој наложува задолжително користење на опрема за отчитување на отисоци од прсти и тоа од две причини: прво, за потврдување на идентитетот на гласачите, и второ, за утврдување дали гласачот веќе го има остварено гласачкото право.

 

Набавката на фингерпринт терминалите е законска обврска и истата мора да се исполни. Одржување на избори без фингерпринт терминали е спротивно на Изборниот законик и истото претставува кривично дело.

 

Владата имаше повеќе од доволно време да набави фингерпринт терминали и ништо не може да биде изговор – порачува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.