Штетата е направена, таа штета денеска е срам и уништено достоинство на сите граѓани на Македонија, но може да се направи чекор назад. Ова во вечерашното гостување на ТВ Клан го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи за тоа што можат да направат за веќе променетото име на Република Македонија и потпишаниот договор со Грција, со кој се наруши достоинството на Република Македонија.

Уништено е достоинството на Македонија, македонскиот народ и македонската нација. Има можност да ја поправиме таа штета, но под услов тоа да е според Уставот и законите. За тоа ни треба дво-третинско мнозинство, односно 80 пратеници, или Бадентерово мнозинство. Тоа е реалноста, ние не можеме да ветуваме нешто да ги креваме очекувањата кај граѓаните дека ќе направиме само за да добиеме власт и потоа да уживаме во привилегиите од таа власт, а ништо да не направиме од тоа што сме го ветувале. Нема никогаш да си дозволам како егзибеционист и себичен политичар да ветувам едно, да се колнам во дедовината, во татковината итн. А, првиот момент кога ќе ми се укаже можност ќе го променам мојот став заради лична корист и заради личен материјален бенефит, појасни Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.