Што треба повеќе да се случи ова обвинителство да започне да гледа докази за криминал кај власта, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека изјавата од пред некој ден на обвинителката Вилма Рускоска е причина повеќе зошто ни треба закон за независно обвинителство, и доказ плус за целосната политизираност на сегашното обвинителство.

Тоа објаснува и зошто Заев се бори за закон кој ќе го амнестира криминалот. Обвинителството уште еднаш ја зема улогата на заштитник на криминалот на власта. Русковска се претвори во заштитник на скандалите на Заев. Случајот за поткуп на гласачи во 2014 година, „сосема случајно” бил отворен во 2018 година и затворен поради немање на докази. И сега ние треба да ѝ веруваме на Русковска дека Заев е невин во целиот случај, кога јавна тајна е како СДСМ и Заев обезбедуваат поддршка во Струмица и не само таа 2014 година, туку и за изборите претходно, но и времето потоа, потенцира Мицкоски.

Додава дека за таквиот феудален систем со робовладетелски карактеристики говорел во повеќе наврати, каде „вождот” немоќните ги уценува, а останатите ги рекетира.

Овој случај со поткуп на гласови е отворен и затворен во 2018 затоа што тоа Вилма Рускоска е обвинител, а Заев беше премиер и само така Заев може да биде нечепнат. Го отворила за да го затвори, далеку од очите на јавноста. Впрочем сега е јасно дека обвинителство е чуварот на криминалите на актуелната власт. Да ги бројам ли, Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, Поткуп, Крвави тендери, Афера Кеш во СЈО, канабис милиони за власта… Слепилото пред криминалот на сегашното обвинителство може да се острани единствено со квалитетен закон за обвинителство. И пораз на Зоран Заев на следните избори. Сè дотогаш, разни Вилми и Јовевци ќе не убедуваат во неубедливото, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.