Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски оствари средба со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи.

На средбата беше констатирано дека иднината на регионот е во ЕУ и НАТО, но и со целосна посветеност во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Мицкоски посочи дека во Република Македонија моментално не се почитуваат демократските принципи и вредности, власта која ја зави во црнило државата го користи правосудството како алатка за пресметка со политичките неистомисленици, наместо по закон институциите работат по диктат.

Беше констатирана и потребата од поголем економски развој на регионот и поголема соработка на економски план.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.