Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски воинтервју за Алсат М телевизија изјави дека од снимките што ги објавија руските комичари гледаме како Заев без да размисли ниту една секунда, посегнува кон криминал и подмитување.

Веднаш без никаква дилема без никакво двоумење, посегнува кон незаконски дејанија, кон криминал подмитување итн. И тука не се мисли ни секунда, вели да да во кеш. Но потоа видовме дека тие пари всушност не биле наменети за подмитување туку требало да бидат еден вид донација за изградба на црква, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека сето тоа е нешто слично на тоа што го видовме години наназад кога Заев беше градоначалник на Струмица по принципот на Мирчо свињарникот, па така овие пари најверојатно требало да завршат во депото на Вселенската патријаршија, кај патријархот Вартоломеј.

Претпоставувам нешто слично по принципот на она што го видовме години наназад како градоначалник на Струмица по принципот на Мирчо свињарникот, бидејќи јас не не знам и не можам да набројам многу политичари кои во моментот располагаат со 150.000 т.е да бидам попрецизен откако доби попуст 100.000 евра во кеш, нагласи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.