Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва пред граѓаните во Охрид порача дека решението за да се стави крај на оваа апатија е зад параванот, порачувајќи дека решението е во волјата на граѓаните и нивните соништа за заедничка иднина.

Драги мои, сетете се добро како ви велев дека волкот влакното го менува, но карактерот не. Но овој пат е доброто е што е прочитан, и има решение. Решението е зад параванот. Вие таму сте главни, вие и вашата волја, вие и вашите соништа, вие и нашата заедничка иднина, истакна тој.

Мицкоски посочи дека народот веќе не верува во скапо платените реклами на власта кои сакаат да прикажат дека убаво се живее, туку дека се соочуваат со апатија и тежок живот, и дека токму поради тоа е потребна нова иднина.

Народот не верува во скапите реклами на власта каде убаво се живее, туку во тоа дека се соочува со апатија и тежок живот. И затоа нам ни потреба нова иднина. И ова го правам цврсто верувајќи во она за што се борам. И покрај се, “ние нема да пиеме од горчливоста и омразата, за да ја смириме нашата жед за слобода. Нашата борба мораме постојано да ја водиме на нивото на достоинството и она што е многу важно во периодот што следи а тоа е дисциплината”, потенцираше Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.