Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија средба со Јоханес Реј, директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Република Македонија.

На средбата разговарале за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Фондацијата, актуелната политичка состојба во државата, македонската европерспектива и предизвиците со кои се соочуваме, како и за престојните парламентарни избори во Македонија.

Во партиското соопштение е наведено дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарил за одличната соработка со фондацијата, што е од особено значење пред предвремените парламентарни избори.

Мицкоски ги посочи поразителните истражувања на „Транспаренси интернешнл“ за перцепција на корупцијата според која Македонија е на врвот според корупцијата на Балканот како и она на угледниот британски весник „Економист“ кој ја класифицира нашата држава како „хибриден режим“. Клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е членството во Европската унија, но поради високата корупција и вмешаноста на високи државни и партиски функционери на СДСМ во коруптивни афери се загрозува нашата европска перспектива, стои во соопштението испратено од партијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.