Разбирлив е отпорот кон политиката во земјата, бидејќи многумина разочараа, но, мора јасно да ја согледате сликата и ќе забележите дека не се сите исти, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на „Фејсбук“ порача дека време е да се излезе и да се создаде нова иднина.

Генерации поминаа во исчекување за некакви промени, подобро утре. Бевме генерација која сонуваше за отворена Европа, за Рим, за Париз, за Лондон, а добивме нови ѕидови, нови разочарувања.
Затоа е разбирлив отпорот кон политиката во земјата, бидејќи многумина разочараа. Но, мора јасно да ја согледате сликата и ќе забележите дека не се сите исти.
Поради тоа велиме СОЗДАДЕТЕ НОВА ИДНИНА, иднина која носи нови победи што мора да ги извојуваме!
Излези и избори се!
#СоздадиНоваИднина, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.