Неколку приватни болници и дијагностички центри имаат капацитет да вршат тестирање за корона вирус и тоа треба да им се дозволи, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само интервју“. Тој прашува зошто не им се дозволува тоа да го прават.

До денеска не слушнавме разумен одговор зошто тие не се способни тоа да го прават. Дури една таква приватна болница добила забрана во јавност да го кажува бројот на лица кои се тестирани или пак според нивните тестови се позитивни на тој тест-рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.