Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва присуствуваше на Светата литургија по повод чествувањето на католичкиот Божиќ во католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје.

Мицкоски на Светата литургија по повод најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ беше придружуван од членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

На литургијата присуствуваше и претседателот на РМ, Ѓорге Иванов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.