Откако ја повика власта под итно да му помогне на народот во Кочани кој не може да се справи со огнената стихија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја напушти прославата на Илинден во Ташмаруништа и се упати кон Кочани.

На терен меѓу жителите на Кочани Мицкоски се запозна со ситуацијата, која е сериозна.

Битката за Кочани продолжува, огнената стихија се прошири накај Тркање, апел до надлежните за помош, повика Мите Лефков.

 

На пат за Кочани, на народот му е потребна помош, тука сме заедно да се бориме, кога власта веќе тоа не го прави!

И ВМРО-ДПМНЕ порачува властите да интервенираат веднаш, да ги мобилизираат сите капацитети и да го спасат градот Кочани, но и другите населени места околу кои беснеат пожарите.

Засега АРМ е вклучена во гаснењето, а хеликоптерите ќе полетаат дури утре!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.