Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на вчерашниот тв-дуел на „Канал 5“ имаа различни видувања за предвремените парламентарни избори на 12 април.

Заев најави дека тој ќе биде носител на листата во четвртата изборна единица и го покани Мицкоски да се пресметаат на домашен терен. 

Мицкоски, пак, останува за предлогот шпицен кандидат за мандатар на идната влада, што според него е морална вертикала. 

Кандидатот за мандатар не треба да биде носител на листа, не би сакал да се криам зад Собранието, порача Мицкоски.

Конечната одлука за тоа дали тој ќе биде шпицен кандитат или носител на листа ќе се знае следната недела на ЦО на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.