Европски практики за европска Македонија предлага претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Но, ќе биде ли подготвен премиерот во заминување Зоран Заев да прифати на дело да ја спроведе суштината на слоганот под кој настапи во референдумската кампања? Инсистирањето на СДСМ да се менува изборниот модел во предвечерието на предвремените парламентарни избори во април 2020, го поттикна Мицкоски да предложи суштинска промена по теркот на современите европски практики. Тоа ќе поттикне фер политичка борба, во која победникот на изборите ќе формира влада, а, пак, поразениот ќе замине од политиката.

Зборувајќи за успехот на меѓународна сцена на ВМРО-ДПМНЕ, Самитот на ЕПП во Загреб и Конгресот на ЦДУ во Германија, Мицкоски предложи да се воведе кандидат за иден мандатар и тој да биде носител на кампањата којашто политичките партии ќе ја спроведуваат, практика што се применува во Европа.

Зошто да не воведеме во Изборниот законик механизам по теркот на ЕНП и кој што беше дел од европските искуства на европските избори, шпицен кандидат, ние да го именуваме како кандидат за мандатар, односно носител на мандатот. Мора да имате носител на мандатот, односно човек кој утре ќе ја добие довербата од граѓаните да формира влада или пак неговата понуда и неговите политики ќе бидат поразени. Тоа менува многу, затоа што излегувате на избори, доживувате пораз и потоа се криете зад пратеничкиот мандат и зад имунитетот во Собранието, а вашата политика граѓаните ја поразиле. Ајде да бидеме честити – предлага Мицкоски.

Тој посочи дека Изборниот законик е само парче хартија со кое се дефинираат правилата на игра, но она што е поважно за него е да се зборува за моралот и етиката кај политичарите.

Идејата е изборниот законик е само парче хартија и според тој изборен законик вие ќе ги спроведете изборите ќе има недостатоци, ќе нема, генерално ги дефинира правилата на игра, но што е со моралот и етиката кај политичарите. Ајде да зборуваме малку за моралот и етиката, ајде да иновираме, вели тој.

Сепак, малку е веројатно дека моделот што го предлага Христијан Мицкоски ќе помине кај владејачката структура. Доколу се усвои, тоа ќе значи пензионирање на Зоран Заев од политиката. И онака е извесно дека на 12 април СДСМ заминува до политичката сцена, а тоа го потврдуваат и мерењата на јавното мислење, па оттука, не се очечкува Заев  да изигра коцарски и свесно да прифати на 12 април да се повлече од политиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.