Предводникот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, пред присутните порача дека правдата во Македонија е нападната. Селективната правда, рече тој, денеска е неправда.

Имаме невини луѓе во затвори. Луѓе кои страдааат на самоволието на власта и мафијата. Зошто е тоа така? Затоа што во овој хибриден режим, кој го констатираат европските институции, се владее со терор, со притисок и реваншизам. Ништо не сме смени за овие четири години, посочи Мицкоски.

Пред присутните Мицкоски испрати неколку барања. Побара власта да даде можност опозицијата да предложи Јавен обвинител, како што власта ветуваше претходно. Второ, под итно да се спречи реваншизмот, притисоците и политичките етикетирања во институциите. Како трето, Мицкоски побара носење на нов Закон за заштита од дискриминација. Четврто барање, сите предмети кои се познати во јавноста каде е почуствувана неправда, да бидат отворени и предмет на ревизија, зошто досега не се постапувало.

Полна е устата со владеењето на правото! Не може во Македонија да владее правото ако не се знае кој во Македонија незаконски прислушукуваше илјадници граѓани.. Не може никој да не сноси одговорност кој ја дал таа наредба! Кој и зошто ги полнеше кутите на референдумот. Не може да има владеење на правото ако не се открие кој ги прислушкиваше обвинителите и судиите кој се обледонеи кон крајот на 2018 година, посочи лидерот на опозицијата Мицкоски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.