Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за премиер, во вечерашната емисија „360степени“ на телевизија Алсат, посочи дека секој треба да се соочи со правдата.

Секој треба да се соочи со правдата, без оглед дали тоа бил Никола Груевски, Христијан Мицкоски, Зоран Заев или било кој друг, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во случајот Рекет имаше исказ дека парите завршиле некаде, а ништо не се случило и никој не ги повика тие луѓе, а на снимките имаше брат на судијка којашто го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, Русковска вели дека снимката била дел од постапката, а никој не го викнал тој човек да даде исказ.

Ние мораме да наметнеме институт на одговорност, имаме првостепена пресуда за случајот Рекет, знаете за заканите по живот коишто ги доби еден од осудените во овој случај, знаете за еден друг случај каде што со исказ за исто така осудено лице се користеше судството во доказна постапка и осуди едно чудо луѓе во затвор на 13, 15, 17 години, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.