Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека власта прави театар и игра на ниски страсти околу финансирањето на партиите од државниот буџет. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе издржи и победи и без тие пари, но СДСМ без рекетерините пари нема да може да издржи.

Ние бевме јасни и рековме еве ВМРО-ДПМНЕ ќе ве поддржи иако не сме како вас, не функционираме по принципот евро за евро, ова е партија која што е идеологија за македонскиот народ, со донации со чланарина ќе издржиме ќе платиме струја, вода. Во овие моменти одма се откажуваме ама дај барем вие про боно работете за државава. Еве нашите функционери кои што се таму про боно ќе работат – вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.