На крајот на говорот на првиот настап од камапањата на локалните избори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика да запрат поделбите, а народот да се обедини.

Десни, леви, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, стари и млади, жени и мажи. Дојде време за промени и народот да почне да создава нова иднина. Да излеземе од кругот на апатијата. Затоа што колку повеќе овие се на власт, толку помалку од Македонија останува.

Тој рече дека ова е генерација која ја сфаќа важноста на овој историски момент, ја гледа шансата за промени, проекти и победи, шансата да создава, шансата за нова иднина. Да покажеме дека Македонија е држава, и дека тука живее и ќе живее среќен народ кој си ја сака сопствената земја.

Ние имаме знаење и програма со многу проекти, ние гарантираме дека ќе ја исполниме и вие знаете дека може да верувате на нашиот даден збор. Поучени сме од грешките на минатото и со поправени и искоренети слабости, ние сме нови луѓе, квалификувани, чесни и свесни за околностите и одговорноста која ја преземаме. Создадовме нова иднина кај нас, сакаме обединети со вас да создадеме нова иднина за сите нас. На овие избори влегуваме со чисто срце и ја бараме вашата доверба, ви ветуваме многу работа и конкретни резултати. Новата иднина започнува со промените, после кои следат проектите, новата иднина ќе ги донесе победите.

А тие сакаат да мислите дека сите сме исти и тоа е дел на нивната пропаганда, за да останете разочарани и така да го бараат својот спас. Со малата излезеност, со вашето негласање или нивните тројански експерименти – тие добиваат најмногу.

Излезете и изборете се! Создадете нова иднина, повика Мицкоски на масовност за време на изборите.

Тие се плашат од неа. Од нова иднина во која е подобро, посветло и посреќно, во која нивните грешки е можно сложно да ги исправиме, и од идејата дека за таа нова иднина вреди да се бориме. Таа е доброто, таа е се што тие не се. Иднина за тебе, за Македонија, нова иднина во која оптимизмот ја победува малодушноста, иднина на триумф на вашите вредности.

Новата иднина е нивниот најголем кошмар. Таа создава! Таа носи промени и проекти! Новата иднина победува! Затоа, создади нова иднина!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.