По средбата со жителите на Кривогаштани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:

Одржав митинг во Кривогаштани. Пристискаат, уценуваат, злоупотребуваат сега еве ги користат и анкетите за да создадат лажен впечаток, но една работа ја погрешија. Оваа работа се победува заедно со граѓаните, затоа што граѓаните нема да заборават сето она што изминатитите две години, вие господо од СДСМ им го приредивте. Сите оние лаги, сите оние ветувања, сите оние нереализирани очекувања, очекувате дека народот овојпат ќе ви поверува. На 21 Април ќе ја видите онаа вистинската анкета којашто денеска ниту сте способни, ниту сакате да ја видите затоашто сте заслепени за пуста власт и за пусти пари. Затоа потребна е правда за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.