Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на собир во општина Центар пред присутните граѓани истакна дека сака да создаде нов заеднички патриотизам каде што рака за рака и од левата и од десната страна на Скопје ќе се создаде заедничка иднина без предрасуди и со заедничко почитување.

Јас ви говорам за нов заеднички патриотизам каде рака за рака и од левата и од десната страна на градот ќе ја создаваме заедничката иднина, без предрасуди и со заедничко почитување. Ја ви говорам за нов заеднички патриотизам каде ривалството во политиката ќе биде за тоа колку економски повеќе ќе ја напреднеме Македонија и колку повеќе проблеми ќе решиме заедно. Новиот заеднички патриотизам ќе биде кога нема да си играат властите со животите на луѓето и кога за грешките ќе има одговорност. Не смееме нашата иднина да бидат болници кои горат или болници кои прокиснуваат. Светот оди напред, а нас животот ни поминува во чекалница во која никој не покажува кој е патот. Патот кој треба да го минуваме е пат поплочен со силни предизвици но и со нашата мудрост и заедничка сила ќе го поминеме заедно – истакна Мицкоски.

Топј додава дека нашиот заеднички патриотизам е кога на државата и на секој нејзин човек ќе му биде понудена иднина.

Иднина во Европа, иднина на силен стандард. Сонот за Европа е сон за добар живот а тоа парче среќа го заслужува нашата заедничка Македонија. Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот, кој неминовно ќе се случи. Затоа што на сите нас заедно желбата и вербата ни се силни, затоа што веруваме во заедничка иднина, затоа што сите заедно гледаме дека ова што се случува мора да се промени и дека силата и клучот е во сите нас – истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.