Лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека недобивањето на датум не е на народот туку поради политиките на Заев. Според него, оправдано се добива чувството кај граѓаните дека таа политика не втурна во бесконечен круг на многу откажувања, многу отстапки, себепорекнувања, подголтнувања, за да на крајот сето ова да заврши со неуспех.

 Македонија има пријатели во Европа, а Европската Унија продолжува да биде наша стратешка цел, и мора да се биде самокритичен и да се признае дека нема датум за отпочнување на преговори затоа што нема реформи. Затоа што народот живее тешко и нема друга држава каде криминалот царува со системот. Имаме систем во распаѓање и власт која што не испорачува правда туку е заштитник на неправдата.

Јас ја разбирам разочараноста која се јавува кај голем број од граѓаните на нашата држава, и ова не е последица на само една погрешна одлука на Зоран Заев и оваа влада, туку перманентно погрешни одлуки на кои укажувавме и апелиравме да не се прават, а тие своеглаво продолжија да управуваат кон ѕидот кој се испречува пред нас. Тој ѕид не е направен од тули созидани од Европа за нас, туку ѕид составен од погрешни одлуки и политики на оваа Влада предводена од Зоран Заев. Не смееме ова разочарување да го храниме со други штетни одлуки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.