Ако порано ни беа репер Кембриџ и Оксфорд во образованието, со СДСМ репер е Велико Трново вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Гевгелија, одговарајќи а новинарско прашање во врска со дозволата на владата да се отвори бугарски факултет со назив „Свети свети Кирил и Методиј.

Мицкоски потенцира дека иако ги немаме сите детали по тоа прашање не би сакал да верува дека континуираната предавничка и губитничка политика што ја води владаа на СДСМ предводена од Зоран Заев е мотив да ова се случи.

Тој истакна дека во Македонија треба да продолжат репер да бидат вредностите на Кембриџ и Оксфорд, а не губитничките вредности на владата на СДСМ.

Ако некогаш репер ни беа Кембриџ и Оксфорд, денеска за жал репер ни е Велико Трново во науката и образованието. Тоа за мене како педагог и универзитетски професор е неприфатливо и одбивам да се идентификувам со тие вредности. Јас одбивам да се идентификувам со вредностите на оваа влада и нивните губитнички политики останувам фокусиран на вредностите кои и ги генерираат Кембриџ и Оксфорд, рече Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.