Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција прогласи победа на претседателските и локалните избори.

Победивме и тоа е победа на сите кои ја поддржавте Гордана Силјановска Давкова и градоначалницте во Охрид и Ново Село. Ги победивме сите остатоци од транзицијата, неуспешните криминални политики на Зоран Заев, но нецелсно ги поразивме. Затоа е неопходен вториот круг и победа во вториот круг. Ова е победа на нашата заедничка татковина Република Македонија, рече Мицкоски.

Денешниот ден покажа дека народот, поради оваа власт е во апатија, незадоволен, но и револтиран. И тоа е со право. Затоа што народот никогаш не греши и не заборава за сето она зло кое овие луѓе го нанесоа, за притисоците, а неправдите, за прогонот, за името, за идентитетот, за чувството дека народот за ништо не е прашан, игнориран, оддалечен, за криминалот, корупцијата, масовната пљачка која што денеска е секојдневие. Епа не е така вистинската сила се граѓаните. 
Македонската пролет доаѓа и нема никогаш да заборавиме од каде почнавме и каде сме и каде треба да бидеме, рече тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на сите кои ја поддржале силјановска на изборите.

Ајде заеднички браќа и сестри, добри луѓе, ајде заеднички во вториот круг да дојдеме до таа толку посакувана конечна победа. Ајде да го поразиме Зоран Заев. Ајде да ги поразиме. Ајде заеднички да ја победиме оваа хотел коалиција, овие елитисти кои што за само за две ипол години успеаја она вистинско лице, кое што народот во Република Македонија го заборави, бидејќи долго време беа опозиција. Ајде да ги победиме овие транзициони криминални политики, ајде да застанеме на вистинската страна. Ајде да победиме за Македонија и за граѓаните на Македонија, бидејќи Гордана верувајте ми е идниот претседател на републиката, претседател на Македонија, додаде.

Мицкоски повика на поголема излезност и сплотеност во вториот круг, без разлика на партиска и етничка припадност.

Без разлика дали сте аполитични, без разлика на верската припадност, ова е наша татковина и да одбереме подобра иднина. Ајде сите добри луѓе да се обединиме за идниот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова. Македонијо вечерва славиме, а од утре повторно на терен до конечна победа додека не те ослободиме, заврши тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.