Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Загреб се сретна со потпретседателот на Европската народна партија и доскорешен претседател на Европскиот парламент Антонио Тајани, поранешната европарламентарка Маријана Петир, како и со Катја Леикерт од групата ЦДУ ЦСУ.

Мицкоски на својот фејсбук профил сподели информации и фотографии од средбите.

 

Во Загреб имав средба со потпретседателот на Европската народна партија и доскорешниот претседател на Европскиот парламент Антонио Тајани, со пријателот на Македонија и голем поддржувач, поранешната европарламентарка Маријана Петир, како и со Катја Леикерт од групата ЦДУ ЦСУ. Разговаравме за актуелните проблеми во Македонија, проблемот со криминалот, корумпираното судство, и стагнацијата на реформите. Побарав поддршка и продлабочена соработка која ќе донесе напредок на европските интеграции. Македонија мора да се издигне над ниските страсти на власта, нејзините лоши политики и популизмот кој е покритие на нивната нервоза поради престојниот пораз, напиша Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.