Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е убеден дека коалицијата што тој ја предводи, со поддршка на народот убедливо ќе победи на претстојните парламентарни избори. Потоа, рече, сите заедно да ги засукаме ракавите и да работиме за обнова на Македонија каква што сме наследиле и каква сакаме да им оставиме на идните поколенија.

Изминатиот период чекоревме полека за да не паднеме, за да не се враќаме неколку чекори наназад и да мора да почнуваме се одново. Меревме, премерувавме носевме одлуки кои можеби секогаш не беа допадливи, но, тоа беа одлуки кои нас не донесоа до крајната цел, а тоа е што побргу да ни се случат предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски пред граѓаните во општина Кисела Вода.

Сакавме да војуваме, рече, но, тоа да биде војна со извесен крај, а тоа е победа.

Кога на човек ќе му се случи нешто лошо, рече тој, како што на Македонија и се случила оваа власт, не треба да се очајува, туку да се исправи и да продолжи да се бори во она што верува.

 Колку нашиот сон и она во што веруваме е поголемо, повелико, толку искушенијата на тој пат до таа крајна цел се потешки и толку нашата борба е поисправна. Наша цел е онаа Македонија за која сонуваме, онаа Македонија која што ја наследивме и онаа Македонија која што сакаме да им ја оставиме на нашите потомци. Нашата Македонија. Тоа е голема и велика цел. Затоа заедно да се бориме, рече Мицкоски пред граѓаните во општина Кисела Вода.

Тој ги повика граѓаните на 15 јули да стават крај, како што потенцира, на корупцијата и криминалот, на понижувањето на Македонија и да заокружат за број 14 на гласачкото ливче.

Нашата борба, додаде тој, започнува на 15 јули. Имаме многу за обновување, потенцира Мицкоски, ќе треба да ги засукаме ракавите и да ги поправаме грешките на оваа власт за да си ја обновиме Македонија од пепелта која што ќе ни ја остават.

Треба многу грешки да поправаме за некои ќе треба веднаш да делуваме брзо и одлучни, а за некои можеби ќе треба повеќе време, но важно е да ги засукаме ракавите да се обединиме како што многупати во историјата македонскиот народ се обединувал и се спротивставувал пред многу поброен и помоќен противник од ова раководство на СДСМ, рече Мицкоски додавајќи дека главната матрица на СДСМ е пред избори прво, да дојдат да кажат по некоја лага, второ, да направат национално понижување и криминал и трето, да ги перат гревовите.

Затоа, истакна тој, на 15 јули да ги испратиме во минатото, бидејќи, како што рече, тие можат само да крадат повеќе, да распродаваат повеќе.

Имаа три години да направат добро, ама за три години не направија ништо и сега заминуваат во историјата. И тие кои што беа тука инвеститорите, заминаа зошто не сакаат да плаќаат арач. Но, ние сме тука да се обврземе дела секој кој сторил криминал го прекршил законот ќе одговара, порача Мицкоски.

Пред присутните се обрати и професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на ИЕ 1, која е убедена дека граѓаните ќе ја дадат поддршката за ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата на овие избори.

Рече дека претходните претседателски избори биле само вовед и отвориле порта за она што ќе се случува на претстојните парламентарни избори, а тоа е, потенцира таа, голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе се согласите дека не само во Македонија, туку и ширум светот сите кои се Македонци од Македонија сега се обединија околу најважните нчетири букви за македонската историја ВМРО и тоа тоа го знаат. Го разбудија вмровскиот код во секој човек ширум светот и сега она што е следно е вториот дел од името на оваа партија – партија за демократско национално единство. Никогаш, рече таа не било попотребно поважно национално единство од денес, истакна таа.

Власта рече таа, мора да ја обнови почитта кон вас, кон македонскиот народ кој го понижија. Тоа не смееме да го толерираме, власта произлегува од народот и му должи на народот. Според неа, треба да има живот кој е достоинствен, живот кој ги штити најслабите, кој се грижи за младината, не ги заборава возрасните или власт од сите и за сите.

Мора да сториме се, потенцира Силјановска Давкова, за да останат младите тука, државата ќе се грижи за најдобрите, ако се грижиме за најдобрите нема да си заминуваат. Мора да ставиме крај на кршењето на владеењето на правото затоа што нема правна држава ако сите не се еднакви пред законот.

Пред присутните на средбата со граѓаните во Драчево, Кисела Вода, се обратија и кандидатите за пратеници од оваа изборна единица Тимчо Муцунски и Бети Стаменковска Трајковска.

Непрестано ќе инвестираме во образованието, ќе ги поттикнуваме и поддржуваме иновациите, научно-истражувачката работа и…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Samstag, 4. Juli 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.