По Катица Јанева, новата црвена линија на Зоран Заев е обвинителката Вилма Русковска,  потенцираше Христијан Мицкоски во интервјуто за „Журнал“.

Јас мислам дека не им одговара на нив законот, и мислам дека тие се тие кои што го кочат овој процес односно носењето на законот. Знаете првпат имаа црвена линија која што беше Катица Јанева. Откако видовме Катица Јанева како практично во едната рака држи „Луј Витон“ ташна, а во другата ги брои милионите, се откажаа некако од Катица Јанева. Па сега гледам цврсто се држат за новата црвена линија, а тоа е Русковска, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека  сега Русковска се става целосно на услуга на власта што е непринципиелно служејќи се со невистини, не ја говори вистината дури се обидела и него да ме вовлече во некоја комуникација со нејзе која што е непринципиелна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.