Одговарајќи на новинарско прашање во врска со барувањето од страна на претседателот Стево Пендаровски до Владата за Акционен план за корупција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека Претседателот на државата глуми арбитер, а слугува на Заев и ги потпишува законите кои овозможуваат македонија да се најде високо на скалата за корупција.

Тој е човекот кој што ги потпишува законите кои овозможуваат да ние се наоѓаме на вакво ниво на корупција и криминал во државата. Тој, доколку навистина имаше чесна намера, можеше многу пати во минатото да ги блокира тие закони односно нивниот текст, наместо да му слугува на Зоран Заев.

 

Јас ќе ви кажам што ќе се случи. Зоран Заев ќе рече: „Да, одлична идеја на претседателот, нема проблем ќе седнеме ние ќе изработиме една таква Методологија“ и ќе му ја дадат на Стево Пендаровски. Пендаровски, пак, ќе рече: „Браво, се потрудиле навистина, ова е издржано што го предлагаат“ и така до следната година кога нема да  бидеме 111-ти туку 121-ви.

 

Но, среќата е кај граѓаните затоа што до тогаш се надеваме и работиме на тоа да оваа Влада веќе не биде таму, па така да, ќе му биде малку и потешко на Стево  Пендаровски да глуми арбитер во сето ова, наместо да се зафати за работа којашто и по уставните надлежности му следува. Лицемерие и дволичност и не гледам никаква логика во тоа.

 

Ви кажав отприлика како сето тоа ќе се одвива од сега па натаму. Тој ќе побара, тие ќе изготват за неколку дена или недела од сега, потоа тој ќе ја прифати таа стратегија, ќе рече одлична методологија браво, брилијантна, за да потоа повторно до година зборуваме за кое место сме на скалата за корупција. Тоа е вртење во круг, концентрични кругови, но мора да дадеме се од себе за да ги поразиме и да не дозволиме ова да трае уште долго – обајсни Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.