Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со американскиот заменик-помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер.

Како што соопштуваат од партијата, на средбата станало збор за актуелната политичка состојба, за значењето на стратешкото партнерство со САД и потребата за остварување на стратешките цели за напредок во интегративните процеси на земјата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека е за интензивни односи и соработка со Соединетите Американски држави за сите прашања кои се од заеднички интерес, обезбедувајќи стабилност и развој на процесите. Тој додаде дека е потребно Македонија да се стави на брзата трака за членство во Европската унија преку сериозни сеопфатни реформи и дека е потребно ресетирање на општеството и безусловна борба против корупцијата и апсолутна правда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.