Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски денеска на прес-конференција изрази сериозна загриженост за пакетот мерки за стопанството за помош од последниците на пандемијата со коронавирусот, оценувајќи дека со него кризата ќе се продлабочи.

Според него, оваа помош е далеку од доволна и задоцнета.

Целиот пакет не е вистински и не е доволна помош, рече Мицкоски, кој направи споредба со помошта што соседните земји ги нудат на нивната економија.

Тој анализираше дел од мерките на Владат, но исто така и најави дека тие преку нивните претставници во Владата ќе достават предлог мерки и ќе бараат тие да бидат дебатирани и прифатени.

На прес-конференцијата тој презентираше дел од овие мерки што ќе ги достават до Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.