Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил посочува дека итно треба да им се помогне на луѓето во Кочани.

„Алармантно! Кочани цел ден се бори со огнена стихија, ИТНО целосен фокус на Владата која во моментот сама слави на Мечкин Камен. ИТНО да им се помогне на луѓето. Ова е реалниот живот, битка со огнена стихија и неспособната влада! Имаше хеликоптер за пат од Скопје до Прилеп за Заев и Венко, а сега нема…“, додава Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.