Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата Бизнис поенти на телевизија Алфа, порача дека опозицијата е конструктивна, повикувајќи ја и власта да биде конструктивна и да не забегува во удобствата кои што мисли дека во моментот ги ужива, бидејќи како што рече тој веќе два месеца не може да имаат функционален парламент, а богами ако продолжат вака ќе немаат ниту функционални улици.

Очекуваме не само опозицијата да биде конструктивна пошто ние имам деструктивна власт мафијашка власт. Цениме дека треба и власта да покаже определена конструктивност во насока на минување на овој тежок период пост би рекол пандемиски. Но, и за време на пандемијата бидејќи гледаме дека пандемијата не завршена. Ние имавме на 30 заболени вонредна состојба, а на 100 практично тотален хаос и неразбирање од страна на власта, вели Мицкоски.

Така што сето она кое е од интерес на граѓаните, а без разлика дали доаѓа од власта или доаѓа од опозицијата ние ќе го поддржиме или пак од другите опозициони партии. Ги повикуваме владата да биде конструктивна да не забегува во удобствата кои што мисли привидно дека ужива бидејќи веќе два месеца не може да имаат функционален парламент, а богами ако продолжат вака ќе немаат ниту функционални улици, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.