Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел на „Само вистина“ на Канал 5, одговарајќи на новинарско прашање рече дека казните за лицата за настаните од 27-ми април однапред се знаеле.

Кога зборував за Нирнбершките процеси не мислев на начинот на кој за жал бев погрешно протолкуван во јавноста. Но, за тоа сега нема да зборувам. Зборував за драконските казни кои што ние ги знаевме дека ќе се случат преку два века. Ако ние знаевме неколку дена претходно, доаѓаат до нас разно разни шпекулации и информации, дека казните се напишани дека тој ќе добие толку, друг толку итн, ги кажав јас на едно интервју дека очекуваме преку еден век, но сум бил песимист требало да бидам оптимист, зошто преку два века беа казните и второто групното судење, вели Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ сака и се бори за вистински реформи во македонското судство во кое што судиите ќе имаат личен и професионален интегритет и ќе бидат вистински заштитници на законит, наместо фингирано судство какво што е сега во време на СДСМ и Заев.

Апсолутно јасна е тенденцијата и на судијката и на јавната обвинителка и тука нема никаква дилема. Важно е дали ние во оваа држава сакаме суштински реформи во судството каде што политичките елити наместо да кажуваат дека сте потенцијал за врвен криминал да стравуваат и да се тресат од тоа какви обвинители и какви судии имаме. Дали сакаме таков принцип на реформи или сакам е да фингираме реформи. Ако сакаме да фингираме реформи еве вака ќе си ги мачкаме очите и ќе кажуваме ние сме за ова, вие сте за ова ќе си славиме по плоштадите со 30 до 40 луѓе и ќе си помине време. Ние сме за суштински реформи во судството каде политичките елити ќе стравуваат буквално од секоја реченица која што ќе биде изустена од обвинителите и судиите кои што ќе имаат личен интегритет, професионален интегритет и ќе бидат вистински заштитници на законите, изјави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.