За мене одложувањето на пописот е потег за спасување на животите на граѓаните, рече вечерва Христијан Мицкоски на „Само интервју“.

Јас немам намера да се пресметувам со непресметливоста и глупавоста на политичките одлуки на власта. Јас фрлив гума за спасување на човечки животи и тоа го зборував уште пред да ескалира ситуацијата дека ќе ескалира. Мене ми беше важно што е можно повеќе човечки животи да спасиме бидејќи бев свесен апсолутно дека ако тргне процесот на попишување на населението и домаќинствата дека бројот ќе биде исклучително голем на луѓе кои што ќе го изгубат својот живот и на тие кои ќе бидат заболени бидејќи невозможно е 5.500-6.000 луѓе да тргнат во едно така масовна операција, а да немаме расеменување на оваа би рекол лоша болест, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека глупавоста и политиките на власта не го интересираат, туку најважни се интересите на граѓаните и државата.

Мене глупавоста и политиките на власта не ме интересираат, каква гума, тие се апсолвирана тема и во јавноста и во мене, мене ме интересираат интересите на граѓаните и државата, додаде Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.