Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска самоуверено порача дека ќе одат на избори доколку се заштити здравјето на граѓаните и учество на мисијата на ОБСЕ и ОДИХР. Само на таков начин вели Мицкоски може да се порази вирусот наречен Заев.

Ќе имаме избори кога ќе имаме јасни протоколи за заштита на здравјето на нашите сограѓани. Ако сака да оди на избори, нека оди. Јас нема да поддржам и да го легитимирам тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од од избори ниту на 5 ниту на 8 јули-jaсен беше Мицкоски.

Тој посочи дека ОБСЕ не праќа набљудувачка мисија туку оценувачка мисија. Тоа е степен подолу од набљудувачката мисија и најрано што можат да дојдат е 17 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.