Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре е во посета на Загреб каде во рамки на самитот на Европската Народна Партија во Загреб ќе оствари повеќе билатерални средби.

Денеска Христијан Мицкоски оствари средби меѓу другите и со претседателот на Европскиот Совет и иден претседател на Европската Народна Партија Доналд Туск, потпретседателот на Европската комисија за Работни места Јирки Катајнен, Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.

Динамичен ден во Загреб, многу средби со наши драги пријатели од цела Европа. Македонија заслужува да ја водат посветени политичари, само така може да има напредок, стои во статусот на Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.