Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ на фејсбук му се обрати на премиерот во заминување Зоран Заев, барајќи одговор на неколку прашања.

Од власта молк, а Зоран Заев сѐ уште без одговор за предлозите:

1. Да не се занимаваат со политика лица кои биле амнестирани;

2. Да нема амнестија за лица кои се занимавале со политика;

3. Да се донесе закон за испитување на потекло на имот на политичари и носители на јавни функции;

4. Да се воведе принцип на кандидат за мандатар на новата влада, и тој што ќе загуби на избори да си замине од политика;

Или пак можеби Заев е поборник на принципот за амнестија, не сака испитување на потекло на имот за политичарите, и сака покрај поразот од народот да си го задржи својот пратенички имунитет.

Се надевам дека таквата тишина од Владата не е резултат на хибриден напад, или можеби напад на паника поради тоа што одговорноста ќе дојде, но јавноста ја интересираат одговорите, пишува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.