Победата е на дофат, излезноста е клучот, вистинскиот избор е Спасе Кочовски, порача вечерва од Вевчани Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ пред вториот круг локални избори кои се закажан за 31 октомври годинава.

Вевчани никогаш во историјата не се предавало и не потклекнувало на притисоци. Ова посебно место, каде силно се негува македонскиот дух и непокор, убеден сум дека ќе се одлучи за промени.
Вистинскиот избор е Спасе Кочовски, човек кој ќе се грижи за развојот на вашата општина и кој ќе работи домаќински и посветено.
Развојот на Вевчани ќе се случи преку реализација на нашата програма која е одговор на вашите потреби.
Во недела излезете масовно и гласајте за Спасе кој е еден од вас и кој ќе биде предвесник на големите промени кои следуваат.
Победата е на дофат. Излезноста е клучот.
Затоа што вие и само вие сте силата на Македонија, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.