Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во чест на Крсте Петков Мисирков, кој починал на денешен ден во 1926 година, се повика на една парола на Мисирков, која има огромно значение и актуелност во денешно време.

„Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи“, велеше Крсте Петков Мисирков чиј живот згасна на денешен ден во 1926 година.

 

Оваа негова изјава е актуелна и денес. Мисирков ни остави значајно оружје во културното опстојување на нашиот народ, земја и јазик. Од сите нас зависи каков однос ќе имаме кон грамадните дела на нашите предци и каква иднина ќе им оставиме на нашите деца – порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.