Последниот ден од нашата кампања е во Штип, затоа што Штип бил круната на многу промени кои се случувале во историјата, а така ќе биде и денес. Ние не завршуваме во Штип, туку ова е почетокот, означување на почетокот во нашата битка за промени и создавање на нова иднина, во битката за вредностите во кои веруваме и на кои се обврзуваме.
Во Штип изборот е лесен. Актуелниот градоначалник можеби е добар доктор, но е лош градоначалник. После 17ти нека си остане доктор, а Иван Јорданов е човекот кој треба да ги решава проблемите, да работи, да донесе промени, проекти и победи за Штип.
Отрфлете ја ароганцијата на актуелниот градоначалник, заокружете го бројот 7 за Иван Јорданов и листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија. Бројот 7 на 17-ти носи нова иднина.

Ова е пораката која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја испрати од Штип, каде вечерва опозицијата имаше завршен митинг во рамките на предизборната кампања пред првиот круг од локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.